Курц го подржа мировниот план на Трамп за Блискиот Исток

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја подржа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на проблемот меѓу Израел и Палестина.

„Поздравуваме што САД и претседателот Трамп со конкретни предлози се вклучуваат во решавањето на еден од најтешките конфликти во меѓународната политика“, истакна Курц во зедничкото соопштение со министерот за надворешни работи, Александер Шаленберг.

Меѓународната заедница и ЕУ веќе со децении сакаат со решението „две држави“ да се заврши конфликтот и крвопролевањето, нагласија двајцата Австријци.

Курц и Шаленберг апелираа до сите страни да се прифати американскиот план како повод за обновување на преговорите под раководство на САД, за врз тие основи да се дојде до конечно решение.

„Застојот во процесот на изноѓање мир на Блискиот Исток трае веќе предолго“, констатираа двајцата.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД