Курц: Бројот на азиланти треба да се ограничи

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска изјави дека треба да се воведе горна граница за бројот на лица кои ќе добијат азил, додавајќи дека го поддржува подигнувањето ограда на надворешната граница на ЕУ.

Тој во интервју за виенскиот весник „Естерајх“ истакна дека е дефинитивно за подигнување ограда на надворешната граница на ЕУ, на пример во Македонија.

– Го сметам моментното подигнување ограда на Шпилберг како неопходно, бидејќи тоа го олеснува управувањето со влезот на бегалците, нагласи Курц.

Шефот на австриската дипломатија изрази целосна поддршка за воведувањето горна граница за бројот на баратели за добивање азил во Австрија.

Според него, Австрија сигурно следната година нема да може да прими толку голем број бегалци како во текот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти