Кулеба: Целта на руските напади е уништување на украинската држава и окупација

Од:

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска оцени дека целта на руските напади е „уништување на украинската држава, окупација на украинска територија и воспоставување окупациска контрола“.

„Руската армија врши напади врз мирни украински градови од различни правци, вклучително и привремено окупираниот Донбас и Крим, како и североисточниот регион. Ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, грубо кршење на Повелбата на ОН и основните норми и принципи“, се вели во соопштението на Кулеба.

Кулеба додаде дека Украина го активирала правото на самоодбрана во согласност со меѓународното право, дека борбениот дух на армијата е висок и дека „бранителите се подготвени да дадат решителен отпор на државата агресор“.

„Украина ја повикува меѓународната заедница веднаш да реагира. Само обединети и решителни чекори можат да ја запрат агресијата на Владимир Путин против Украина. Нашите партнери мора веднаш да активираат пакет нови санкции. Ги повикуваме и пријателските престолнини да продолжат да ги зајакнуваат одбранбените способности на нашата земја со обезбедување оружје и воена опрема“, бнаведе тој во пишана изјава.

Украинскиот министер оцени дека од заеднички одговор не зависи само безбедноста на граѓаните на Украина, туку и безбедноста на граѓаните низ Европа и иднината на светскиот поредок.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид