Кук: Европејците се подобро заштитени, со лиценцирана вакцина

Од:

Директорката на Европската агенција за лекови (ЕМА), Емер Кук изјави дека Европејците се многу „подобро заштитени“ со вакцината против Ковид-19, одобрена од ЕМА.

– Сите вакцини против Ковид-19, вклучително и тие што ќе бидат произведени, мора да бидат анализирани пред да добијат авторизација што може да се примени на почетокот од 2021 година, истакна Кук, при тоа додавајќи оти ЕМА нема посебни преференци кон ниту една вакцина.

По повод одлуката на Велика Британија да ја одобри вакцината на Фајзер и Бионтек, со што е прва земја во Европа ,која почна имунизација на населението, Кук истакна дека е подобро да се почека потврда од ЕМА за безбедноста и квалитетот на вакцината.

Во меѓувреме, Унгарија покажа интерес за руската вакцина „Спутник V“, која не е анализирана од страна на ЕМА.

– Навистина веруваме дека пациентите се подобро заштитени со лиценцирана вакцина, но ако постои многу голема потреба и ако фармнацевстката компанија или државата тврдат дека ќе биде поголема користа од ризикот по населението, тогаш слободно можат да дозволат привремена употреба на производот што нема лиценца, наведе Кук.

ЕМА на почетокот од декември прими официјални барања од Фајзер и Бионтек и од Модерна за условна дозвола за употреба на нивните вакцини во ЕУ. Според Кук, вакината на Фајзер и Бионтек ќе се разгледува до 29 декември, а дозволата за Модерна не се очекува пред 12 јануари, бидејќи компанијата доставила помалку клинички тестови.

– Сакаме да бидеме многу сигурни дека внимателно ги прегледуваме податоците. Мораме да одлучиме кои услови фармацевтите мора да ги исполнат кога ќе добијат условна дозвола. Потребно е време тоа да се направи… Треба се да подготвиме за да дадеме авторизација која е конзистентна и за која сме сигурни дека ќе може да се примени до почетокот на следната година, посочи Кук.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он