Кучерена: Сноуден сака да се врати во САД, но нема да има фер судење

Од:

Рускиот адвокат Анатолиј Кучерена, кој го застапува пребеганиот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, смета дека Сноуден не треба да очекува фер судење во САД, пренесува ТАСС.

-Невозможно е да зборувате за чесно, праведно и непристрасно судење кога секој ден слушате политички изјави, рече Кучерена, член на рускиот Претседателски совет за човекови права.

Кучерена наведе дека Сноуден не ја крие желбата да се врати во САД.

-Тој е американски патриот. Повеќе пати ми има кажано дека му недостасува татковината и дека би сакал да се врати, објаснува рускиот адвокат.

Во 2013 година Сноуден на медиумите им достави податоци за средствата за глобално шпионирање со кои располага НСА, во блиска соработка со Велика Британија, Австралија и Канада.

Тој во САД беше обвинет за кршење на Актот за шпионажа и кражба и кражба на владин имот, а секоја од овие точки во обвинението му носи до десет години затвор.

Во обидот да ја избегне казната Сноуден побара азил во повеќе од 20 земји, вклучувајќи ја и Русија, која во 2013 година му одобри привремен азил. Кога азилот истече, во август 2014 година, Сноуден доби тригодишна дозвола за престој во Русија.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска