[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Деветнаесетгодишна граѓанка на Крајстчерч, Нов Зеланд тврди дека нејзиното куче ја спасило од насилник, кој ја нападнал на 24-ти февруари.
Да не било кучето кое го вдомила пред само два месеци, тинејџерката смета дека без сомнеж би била силувана и веројатно убиена.
Ме исече неколку пати, со нешто, но не чувствував болка. Викав и молев за помош. Помислив доколку сака да ме убие, можам барем да се обидам да се бранам – изјави девојката.
Меѓутоа не успеала да го победи насилникот. Кога помислила дека се е веќе изгубено, одеднаш се појавило нејзиното куче, германски овчар кој неколку пати го изгризал насилникот.
Девојката изјави дека е горда на своето куче, кое е вистински херој и дека најверојатно не би била жива, доколку тоа не и помогнало.
Полицијата се уште трага по насилникот.