Куче и мачка се осомничени дека предизвикале два пожари во Јапонија минатата година

Од:

Јапонската противпожарна служба и голем производител на плински уреди се сомневаат дека два пожари што се случија во земјата ги предизвикале кучиња и мачки кои случајно запалиле шпорети на гас во кујната, објави денеска агенцијата Кјодо.

Според компанијата за апарати за гас Палома Ко од Нагоја, пожарите биле предизвикани од шпорети со копчиња, кои, за разлика од оние со ротациони прекинувачи, може да се вклучат доколку миленичињата се потпираат на нив.

Како што потсетува јапонската агенција, на 27 јули избувнал пожар кој уништил стан во Кобе, на западот на Јапонија, додека станарите, брачен пар Американец, биле отсутни.

Пожарот, во кој загинаа две домашни миленици, се верува дека го подметнал едно од животните кога неговата предна шепа допрела копче на шпоретот, соопштија локалните пожарникари.

Два дена подоцна во градот Тојота, во централна јапонска префектура Аичи, пожар ги оштети ѕидовите и таванот на канцеларијата на една компанија за домашни миленици.

Пожарникарите откриле дека копчето на шпоретот било вклучено и тешко изгорел блискиот контејнер за храна за кучиња. Сопственичката на компанијата изјавила дека пожарот избувнал додека таа била надвор од канцеларија половина час и дека нејзините седум големи кучиња имаат пристап до кујната, јави Танјуг.

Покрај овие два инциденти, миленичиња се осомничени дека биле вклучени во 18 пожари низ целата земја од 2014 година, според Националниот институт за технологија и проценка.

Пред 2014 година, имаше малку такви пожари и се верува дека зголемувањето во последните години е поврзано со зголемениот број домашни миленици кои се чуваат во затворени простории и широката употреба на шпорети со копчиња кои овозможуваат полесно прилагодување на пламенот.

Претставник на институтот рече дека корисниците на вакви шпорети треба да ги затворат главните вентили кога апаратите не се во употреба или да ги користат функциите за заклучување.

Би можело да ве интересира

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски