Кубанскиот претседател Раул Кастро синоќа соопшти дека во април 2018 година ќе се повлече од функцијата.
Раул Кастро (86) претходно најавуваше дека ќе се повлече во февруари, но одлуката беше одложена поради штетата предизвикана од ураганот Ирма.
– Мојот втор и последен мандат заврши. Куба ќе има нов претседател, изјави Раул Кастро.