Кубанскиот претседател: Нашите односи со САД се влошуваат

Од:

дносите меѓу Куба и САД се влошуваат изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел во неделно телевизиско интервју.

Тој го повика американскиот претседател Доналд Трамп на дијалог базиран на взаемно почитување.

– Не отфрламе можност за дијалог, но тој мора да се базира на почитување, не смее да се ставаат услови за одредени наши уверувања, истакна кубанскиот претседател за Телесур.

Тој додаде дека неговата влада не е оптимистична во поглед на одржување состанок ако владата на САД остане на своите скандалозни ставови.

Кубанско- американските односи се затоплија за време на мандатот на американскиот претседател Барак Обама, но под Трамп повторно настапи заладување.

Би можело да ве интересира

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он