Група од околу 120 кубански мигранти, кои беа депортирани од Костарика, допатуваа со специјален авион во мексиканскиот град Нуово Ларедо, во близина границата со САД, во делот кон сојузната држава Тексас.
Мигрантите, меѓу кои има и деца и бремени жени, сакаат да се префрлат на американска територија.
Овие мигранти се дел од неколкуте илјади Кубанци кои се наоѓаат „заробени“ во Костарика, затоа што соседната Никарагва не дозволува да преминат преку нејзината територија, патувајќи кон север кон мексиканско-американската граница.
Земјите од Централна Америка се соочуваат со наплив на кубански мигранти кои патувајќи, најчесто нелегално, низ овој дел од американскиот континент сакаат по копнен пат да стигнат до САД и таму да се населат.
Причина за забрзаната миграција е стравувањето на Кубанците дека обновата на односите меѓу Хавана и Вашингтон може да предизвика промена на американските имигрантски прописи.
Со постоечките прописи, мигранти од Куба се здобиваат автоматски со праввото за престој во САД, доколку влезат на американска територија по копнен пат.
За кубанските мигранти, нема друга копнена траса до САД, освен патвањето низ земјите на Централна Америка.
Претставнци на овие земји минатата недела расправаа околу проблемот со засилената миграција од Куба за САД, но не може да постигнат заеднички прифатливо решение.
Кубански мигранти има во неколку централноамериканките држави, но засега најмногу ги има во Костарика.
Минатиот месец група од 150 Кубанци беше депортирана од Сан Хозе во Салвадор.
Засега нема сознија како на кубанскиот наплив по копнен пат ќе реагираат американските имиграциски власти, кои веќе имаат подигнато бариери на мексиканско-американската граница.