Кубанската Влада ќе дозволи странски инвестиции поради хроничниот недостиг на храна

Од:

Кубанската Влада соопшти дека ќе дозволи странски инвестиции поради хроничниот недостиг на храна и други производи во земјата.

– Странски инвестиции во трговијата на големо и мало, со државна регулатива, ќе овозможат поширока и поразновидна понуда за населението и ќе придонесат за закрепнување на националната индустрија, објави синоќа на Твитер министерот за економија Алехандро Хил.

Кубанската Влада ќе го задржи монополот на надворешната трговија.

Странските инвестиции во Куба досега беа дозволени само во производство на стоки, услуги и угостителство.

Кубанците чекаат во редици за да купат храна и други производи во државните продавници каде залихите се многу ограничени.

Продавниците во кои може да се плати во долари започнаа со работа во 2019 година. Таму понудата беше поголема, но и тие се празни поради недостиг на производи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Влада: Засега немаме добиено барање од СДСМ за лидерска средба

Владата ги осуди неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известувањето на трагичниот настан во Кочани

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани ќе ги плати Владата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Владата да го објави Договорот со „Ѓока“, скандалот со паркингот мора да биде расчистен!

Цел тропски рај на менито на владините функционери, додека работниците немаат ни за банални животни потреби, велат од СДСМ