Кубанската амбасада во Париз нападната со молотови коктели

Од:

Амбасадата на Куба во Париз беше нападната со молотови коктели, соопшти синоќа министерот за надворешни работи на таа земја Бруно Родригез. Во објавата на Твитер, тој не понуди повеќе детали за инцидентот, но го обвини Вашингтон за ширење на насилството.

„Ја сметам за одговорна Владата на САД поради нејзините континуирани кампањи против нашата земја кои го охрабруваат ваквото однесување и за нејзините повици на насилство, кои неказниво се упатуваат од нејзината територија“, напиша тој.

Прес службата на Министерството за надворешни работи на Куба подоцна соопшти дека нападот се случил околу полноќ, кога биле фрлени три молотови коктели, од кои два паднале во просторот на амбасадата и предизвикале пожар. Кубанските дипломати го изгаснале пожарот, а на местото на инцидентот веднаш пристигнале француските пожарникари и полицајци.

Повеќе кубански амбасади беа нападнати во последниот период во антивладините протести поради недостигот на храна и високата инфлација, до кои дојде во услови на корона-кризата. Од почетокот на демонстрациите уапсени се голем број новинари и активисти, а најмалку едно лице загина.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски