Куба поради новиот коронавирус ги затвори границите еден месец

Од:

Премиерот на Куба, Мануел Мареро изјави дека од денеска се затвораат границите, а сите туристи кои се во земјата ќе бидат ставени во карантин.

Туристите не смеат да ги напуштат хотелите се додека не најдат лет за да се вратат дома, истакна Мареро за државната телевизија, при тоа додавајќи оти вчера имало 32.500 туристи во Куба, од кои 9.400 се самоизолирани и ќе бидат преместени во државните хотели.

Властите вчера објавија и едномесечно затворање на училиштата.

Во Куба досега потврдени се 40 инфицирани лица со Ковид-19, а единствен смртен случај од новиот коронавирус е 61-годишен италијански турист.

Во Куба околу 20 проценти од населението е на 60 години, а во земјата чести се прекините во снабдувањето со вода и недостига сапун.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он