Куба отвора јавни Интернет центри

Од:

Куба најави отворање јавни Интернет сали низ целата земја. Од 4 јуни Кубанците ќе може да се регистрираат за користење на една од 118-те веб центри во земјата.

Малиот број Кубанци што моментално имаат пристап до Интернет, најчесто тоа го прават прекуслужбени или училишни сметки. Сепак, поголем дел од нив имаат пристап само до кубанскиот Интернет систем, но не и до светската Интернет мрежа.

Официјалниот весник „Хувентуд ребелде“ објави дека услугата ќе чини 4,50 долари за еден час. Тоа е доста висока цена за Кубанците, кои во просек заработуваат по 20 долари месечно за работа во јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес