Крвнички е убиен милионер, неговото тело е искасапено на делови

Од:

Група деца ги пронашле посмртните останки на исчезнатиот милионер и инфлуенсер во куфер во поток во Аргентина, објавија локалните медиуми. Осакатеното тело на Фернандо Перес Алгаба беше пронајдено неколку дена откако 41-годишникот објави серија пораки за „злобните луѓе“ кои на добрината возвраќаат со омраза.

Две деца пронајдоа куфер со дупки од куршуми. Внатре беше трупот на бизнисменот, пишува Newsflash. Кога истражителите стигнале до потокот, најпрвин ги пронашле подлактиците и нозете на Фернандо.

Локалните медиуми објавија дека делови од телото биле прецизно ампутирани, што укажува дека тоа можел да го направи само професионалец. Тетоважата со четири букви на неговата рака потврди дека посмртните останки му припаѓаат на Фернандо, а анализата на отпечатоците подоцна даде дополнителна потврда.

Според обдукцијата, Фернандо, кој го добил прекарот „Лечуга“ (салата), бил убиен со три истрели. Властите го истражуваат убиството. Сепак, во моментот на пријавувањето не се идентификувани осомничени. Фернандо имаше 918.000 следбеници на Инстаграм, каде што се фалеше со својот луксузен живот.

Би можело да ве интересира

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

ВИДЕО: Напад во Германија, избодени неколку лица

Семејна трагедија во Милано, убиени тројца членови на едно семејство

ОЈО за трагедијата во Стримница: Се скарале во двор на џамија, а потоа со нож рани соселанец

Горан Наумовски

Петрушевски: СДС да каже дали приведениот за убиство го пуштиле од затвор за да работи за избори