Крвава освета на студент во Париз: Чекаше една година, па потоа го уби професорот

Од:

Ирски професор е избоден до смрт во Париз, наводно од поранешен студент. Убиството на Џон Даулинг (66) се случи пред приватното училиште „Леонардо да Винчи“ во западниот деловен кварт Ла Дефенс. Убиството на професорот најверојатно е чин на одмазда.

– Жртвата е избодена со нож откако го напуштила колеџот. Најмалку една расекотина била преку грлото, по што починал на лице место. 37-годишниот маж веднаш бил уапсен и задржан во притвор – пишуваат француските медиуми.

Сè уште неименуваниот осомничен е Пакистанец, кој бил избркан од колеџ во летото 2017 година, откако „паднал“ во академска година. Познато е дека тој останал во реонот во текот на минатата година и бил во контакт со оние кои ги продолжиле студиите. Се уште не е познато дали Даулинг бил свесен за опасноста.

Портпаролот на факултетот Себастијан Трен изјави дека се истражува дали убиството било дело на одмазда.

– Осомничениот имал нормално образование во првиот семестар, но во вториот не положи испити и е избркан во август 2017 година – тврди тој.

Трен додаде дека факултетот нема сознанија за какви било „конкретни закани“ од поранешен студент.

– Убиството на професорот разбуди многу емоции и негодување. Треба да ги откриеме околностите кои довеле до смртта, во текот на истрагата што ќе ја спроведе полицијата – вели Фредерика Видал, министерка за образование во Франција.

Даулинг требаше да се пензионира, според Паскал Броја, декан на факултетот.

– Тоа е трагедија која ја погоди целата заедница. Дваесет години бил професор по англиски јазик на универзитетот и сите го ценеа – тврди тој.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ