Крвав напад врз Киев: Погодена е болница, има жртви

Од:

Две лица беа убиени во нападите извршени во рускиот напад врз Киев. Во нападот покрај жртвите има голема материјална штета, објавија украинските власти.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека од 26-те пациенти во приватната клиника што беше погодена во нападот, 16 се префрлени во градските болници, а од тројцата повредени, две лица се во тешка состојба, објави УНИАН.

Според украинската национална полиција, починал маж роден 1995 година, кој бил на болничко лекување. Меѓу повредените има и три жени кои беа ба болничко лекување.

Државната служба за вонредни состојби на Украина објави дека четирикатна болничка зграда со активно болничко одделение била директно погодена.

„Пожарот е изгаснат, а за време на прегледот на просториите, пронајдено е телото на едно лице“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина