Крвав конфликт во Судан: 59 мртви и 600 ранети

Од:

Во судирите меѓу суданската армија и водечките паравоени сили во земјата загинаа најмалку 56 лица, 600 се повредени. Конфликтот се заканува да го дестабилизира Судан и поширокиот регион, пишува The Guardian.

Судирите избувнаа како резултат на очигледна борба за моќ меѓу двете главни фракции на суданскиот воен режим. Вооружените сили на Судан во голема мера се лојални на генералот Абдулфатах ал-Бурхан, де факто владетелот на земјата, додека паравоените единици на Силите за брза поддршка (РСФ), всушност милициски групи, го следат поранешниот воен командант генерал Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемедти.

Борбата за моќ има свои корени во годините пред востанието во 2019 година што го собори диктаторот Омар ал-Башир, кој изгради моќни безбедносни сили и намерно ги сврте еден против друг.

Кога напорите за транзиција кон демократска цивилна влада пропаднаа по падот на Башир, конечната пресметка се чинеше неизбежна, а дипломатите во Картум на почетокот на 2022 година предупредија дека се плашат од такво избивање на насилство. Во последните недели тензиите дополнително се зголемија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска