Актерот Крис Еванс познат по улогата на Капетан Америка од филмовите за супер хероите на Марвел, влегува во издавачките води со информативен портал за американската политика, јави „Есквајер“.
Порталот се нарекува „Стартинг Поинт“ (Почетна точка) и ќе се фокусира на политички анализи и објави од двете страни на политичкиот спектар во САД, со главна цела „да создаде информирани, одговорни и категорични граѓани“.
Еванс во последно време повеќепати е забележан во Конгресот во Вашингтон на средби со конгресмени и на видео интервјуа со политичари кои најверојатно ќе бидат искористени во „Стартинг Поинт“.
– Зошто не би постоело место каде можам да слушнам различни мислења за некој проблем со јасен и доверлив тон, вели Еванс во промотивно видео емитувано на Си-Ен-Ен.
Актерот со ова сака да привлече истакнати имиња од двете водечки американски партии кои редовно ќе се појавуваат во новиот медиум. Во создавањето на сајтот се вклучени и претприемачот Џо Киани и актерот Марк Касен.
Иако Еванс е доста критичен кон американскиот претседател Доналд Трамп, најавено е дека неговиот политички портал ќе биде едукативен и надпартиски. Идејата произлегува од неговите искуства да бара избалансирани извори на информации за актуелни прашања и теми.
Точниот датум на започнување со работа на сајтот се уште не е утврден, но тајмингот е идеален – почетокот на предизборната кампања за претседателската трака во 2020 година, оценува „Есквајер“.