Криминализирано е он-лајн клеветење на претседателот на Азербејџан

Од:

Азербејџанскиот парламент усвои закон со кој се криминализира клеветењето на претседателот преку он-лајн медиуми.Со законот тоа ќе се казнува со затвор.

Парламентот вчера прифати законски промени со кои се воведуваат парични казни од 1.500 манати (860 долари) и лишување од слобода до три години за клеветење на претседателот он-лајн, вклучително преку коментари напишани под лажни имиња и акаунти.

Сите традиционални медиуми во Азербејџан се строго контролирани од властите, и социјалните мрежи се претворија во место каде можеше да се изрази критичко мислење.

Клеветата он-лајн во принцип беше криминализирана во Азербејџан пред три години, но во тој закон не се споменуваше изрично клевета против претседателот.

Европските институции го обвинуваат Илхам Азлиев, лидер на таа поранешна советска република дека ја ограничува слободата на изразувањето и повикаа тој да го отфрли законот.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска