Колумбискиот криминалец Џовани Реболдо патентирал нов начин како да ја одбегне затворската казна во траење од 60 години. Откако побегнал од затвор, тој се одлучил да го промени полот.
Сепак полицијата не подлегнала на измамата и го уапсила Реболдо, кој го користел името Росалинда.
Откако избегал од затворот, направил пластична операција за промена на полот – го оперирал лицето, ставил силиконски гради, па дури и силикони во колковите за да изгледа како жена.
Со новиот изглед почнал да работи како проститутка.
И покрај екстремната трансформација, полицијата при рутинска контрола во Росалинда го препознала Џовани и го уапсила.
Реболдо минатата година е осуден на 60 години затвор за киднапирање, кражби и изнуди. Бил член на бандата “Лос Топос”.
Реболдо и неговата банда користеле убави жени кои мамеле богаташи, ги киднапирале и мачеле барајќи од нив да им ги дадат броевите од кредитните картички и банкарски сметки.