Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија нема намера да врати ниту еден дел од окупираната територија на Украина.

„Тоа се територии кои станаа дел од Русија и се вклучени во нашата државна уставна одредба како неотуѓив дел од Русија. Тоа е факт што ние апсолутно не можеме да го негираме или да разговараме“, рече Песков на дневниот брифинг со новинарите.

Овие изјави укажуваат и на тоа дека Русија има намера да ја продолжи борбата барем додека не ги преземе сите четири украински региони кои Москва ги смета за свои. Според рускиот Устав, Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се дел од Русија, иако руските сили не ги контролираат целосно овие региони, а Украина и меѓународната заедница ги сметаат за делови на Украина.

Изјавите на портпаролот на Кремљ доаѓаат еден ден откако и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посочи дека Русија бара целосна контрола врз четирите региони.

Би можело да ве интересира

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност