Кремљ: Трамп би станал историска фигура со анексија на Гренланд

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп несомнено ќе влезе во светската историја ако Гренланд се придружи на САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на денешниот брифинг за медиумите, коментирајќи ги изјавите на Трамп во врска со Гренланд.

– Тука веројатно можеме да го оставиме настрана дали е добро или лошо, дали е во согласност со параметрите на меѓународното право или не. Постојат меѓународни експерти кои веруваат дека со спроведување на прашањето за анексирање на Гренланд, Трамп несомнено би влегол во историјата. Не само во историјата на САД, туку и во светската историја. Тешко е да се несогласи со овие експерти, рече портпаролот на Кремљ.

Трамп постојано ја изразуваше својата желба Гренланд да стане дел од САД и за време на неговиот прв мандат предложи Америка да го купи Гренланд.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно се огласи: Ќе има напад каков што никогаш порано не виделе

Трамп: Цела цивилизација ќе умре вечерва

Одговорот на Иран на ултиматумот на Трамп во 10 точки

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Истекува крајниот рок на Трамп за Иран да го отвори Ормутскиот теснец

Ги загубивме клучевите, Иран му одговори на Трамп на бесните закани на Ормутскиот теснец

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Пореметен лудак“, реакции од САД на пцуењето и заканите на Трамп кон Иран