Кремљ со позитивна оценка за посетата на Макрон на Украина

Од:

Кремљ гледа првични „позитивни игнали“ по вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Украина. – Има позитивни сигнали кога станува збор за одлуката на Украина да дејствува само врз основа на договорот од Минск, што е плус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Слушнавме дека претседателот (Владимир) Зеленски рече дека е подготвен брзо да се посвети на тоа, додаде Песков.

Москва ја обвинува Украина дека одбива да ги спроведе договорите од Минск од 2015 година, со кои би требало да се стави крај на војната во Донбас, во источна Украина, во која загинаа повеќе од 13.000 луѓе за осум години, според податоците на ОН.

Русија, иако негира, се смета за одговорна за поттикнување конфликт преку обезбедување воена и политичка поддршка на сепаратистите, пишува Хина.

Во понеделникот, пред да го посети Киев, Макрон разговараше и со рускиот претседател Владимир Путин. По средбата Макрон рече дека Путин му ветил дека тој нема да биде „причина за ескалацијата“.

Русија распореди околу 100.000 војници на границата со Украина, но негира дека подготвува напад

Политичките советници на лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција ќе се сретнат утре во Берлин во обид да го обноват мировниот процес во Донбас. Ќе разговараат и за евентуален самит на лидерите на четирите земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање