Кремљ денеска соопшти дека предлогот на украинскиот претседател Петро Порошенко за едностран прекин на огнот наликува повеќе на ултиматум и во него нема понуда за почеток на разговори со сепаратистите во источна Украина.
Според нив планот на Порошенко е соопштен „со намера или случајно“ во момент кога украинските сили пукаат врз руска територија во близина на границата. При што е повреден еден руски цариник.
– Според првична анализа за жал се покажува дека тоа не е покана за мир или преговори туку ултиматум… Се уште отсуствува главниот елемент – предлог за отпочнување преговори, се истакнува во соопштението на Кремљ.