Кремљ: САД да докажат дека Русија се мешала во изборите или да престанат со тоа

Од:

САД треба или со докази да ги поткрепат обвинувањата дека Русија се мешала во американските претседателски избори или да прекинат со тој случај, порача денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Или престанете да зборувате за тоа или конечно изнесете некакви докази. Инаку е навистина непристојно, истакна Песков на прес-конференција.

Претходно, рускиот потпретседател Јуриј Ушаков изјави дека шефот на државата Владимир Путин околу ова прашање му дал „многу јасен одговор“ на американскиот колега Барак Обама за време на самитот на Г20 во септември.

Тие реагирале на обвинувањата на Вашингтон дека Москва се мешала во претседателските избори во САД и извршила хакерски напад врз организации на Демократската партија.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски