Кремљ: Русија ги почитува резултатите од референдумите во Луганск и Доњецк

Од:

Русија денеска соопшти дека ги почитува резултатите од референдумите во двата региони во источна Украина и оти очекува нивна примена по мирен пат.

– Ние во Москва ја почитуваме волјата на народот во областите Доњецк и Луганск и очекуваме практична примена на исходот од референдумот на цивилизиран начин, преку дијалог и без ново насилство, се наведува во соопштението на Кремљ.

Проруските сили во регионот Доњецк во источна Украина прогласија победа на вчерашниот референдум, откако по преброените сто проценти од гласачките ливчиња е утврдено дека  89,7 отсто од гласачите се изјасниле за независност, „против“ биле 10,19 отсто, а 0,74 проценти од гласачките ливчиња се невалидни.

Според првичните резултати меѓу 94 и 98 отсто од гласачите во областа Луганкс се изјасниле за независност.

Властите во Киев, меѓутоа го отфрлија референдумот, нарекувајќи го фарса, а Европската унија соопшти дека нема да ги признае резултатите од референдумот.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски