Путин првпат откако е претседател нема да ја одржи традиционалната голема прес конференција

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината, соопшти денеска Кремљ.

„Нема да има“ претседателска прес-конференција до почетокот на новата година, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на телефонски брифинг, истакнувајќи дека Путин разговарал со новинарите и во други прилики, особено за време на неговите патувања во странство.

Од 2001 година, Владимир Путин редовно организира големо соочување со новинарите, со исклучок на периодот од 2008 до 2012 година, кога ја извршуваше функцијата премиер.

На оваа годишна прес-конференција, која обично трае неколку часа, се собираат стотици руски и странски новинари, а Путин во живо одговара на прашања на различни теми, од дипломатија до секојдневни руски теми.

Одлуката да не се одржи традиционалната прес-конференција на крајот на годината дојде откако Русија, која започна воена офанзива против Украина во февруари, претрпе повеќекратни воени неуспеси во последните месеци и нареди делумна мобилизација во септември.

Погодена од серија западни санкции од почетокот на офанзивата, Русија сега се соочува со ембарго на нејзините испораки на нафта во ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални