Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне украинската енергетска инфраструктура

Од:

Одлуката дали да се продолжи мораториумот на нападите на украинските и руските енергетски постројки ќе зависи од претседателот Владимир Путин и можните разговори со САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ.

„Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот Путин“, рече Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање дали договорот, постигнат со американско посредништво, ќе биде продолжен по истекот на 16 април (30 дена по објавувањето на мораториумот на 18 март).

Песков тврдеше дека „украинската страна во суштина не го почитува мораториумот“.

„Затоа, се разбира, ќе биде неопходно да се анализираат овие 30 дена. Веројатно да се разменат информации и размислувања со Американците. И тогаш врховниот командант, претседателот, ќе донесе одлука“, заклучи портпаролот на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемија

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран