Кремљ порача да не се очекуваат чуда од преговрите со Украина

Од:

Кремњ порача дека нема причина да се очекуваат чуда од предложената трета рунда директни руско-украински мировни преговори и одби да даде временска рамка за потенцијален договор за прекин на војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ѝ испратил на Москва понуда да одржи уште една рунда мировни преговори во Турција оваа недела и дека сака да ги забрза преговорите за прекин на огнот. „Нема причина да се очекува каков било напредок во категоријата чуда – тоа е тешко возможно во сегашната ситуација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.

„Имаме намера да ги следиме нашите интереси, имаме намера да ги обезбедиме нашите интереси и да ги исполниме задачите што си ги поставивме од самиот почеток“, додаде тој.

На прашањето дали може да даде некаква индикација за тоа како Кремљ гледа на потенцијална временска рамка за евентуален мировен договор, Песков рече дека не може да даде никакви насоки за времето.

„Има многу работа што треба да се направи пред да можеме да разговараме за можноста за состаноци на високо ниво“, додаде Песков, еден ден откако Зеленски ја обнови поканата за средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силни експлозии одекнуваат во Киев, Полска ги крена авионите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Терористички напад во Лвов, има мртви и повредени

(ВИДЕО) Апсења во Молдавија: Планирале убиства на познати Украинци по наредба на Русија

Најголемата нуклеарна централа во Европа работи на единствениот преостанат надворешен далновод

(ВИДЕО) Зеленски е лут на Трамп: Не е фер да бара отстапки само од Украина

Катерина Ѓуровски

Силна експлозија во руски град: уништена зграда на воената полиција, има мртви

Катерина Ѓуровски