Кремљ денеска ги негираше тврдењата на украинската страна дека руската војска настојува да мине на територијата на соседна Украина.
-Немаше такви обиди на руската војска, рече во Сочи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ИТАР- ТАСС.
Тој, исто така, додеде дека Русија презема чекори да организира испорака на хуманитарна помош за истокот на Украина, но не наведе детали за тоа.
-Русија и натаму сериозно е загрижена за хуманитарната катастрофа на истокот на Украина, бидејќи ситуацијата станува се поалармантна, наведе Песков.
На прашањето на новинарите како Кремљ ќе одговори на американските тврдења дека на руските унилатерални обиди за испорачување хуманитарна помош на истокот на Украина ќе се гледа како на инвазија, Песков одговори дека таа е нотирана, извести ИТАР-ТАСС.
Зборувајќи за руското ограничување на увозот од Запад, тој кажа дека е тоа одговорот на акциите на западните земји против Москва.
Песков потсети дека Москва не ги иницира санкциите туку дека само одговори на нив, пренесува УТАР-ТАСС.