Кремљ не гледа ништо ново во непопустливата позиција на Г-7 кон Русија

Од:

Русија не гледа ништо ново во коментарите на лидерите на Групата седум најразвиени држави, кои заземаат непопустлива позиција кон неа во однос на прашањето за санкциите и нагласи дека меѓу земјите-членки има несогласувања.

Британскиот премир Дејвид Камерон и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјавија дека се надеваат дека земјите од Г-7, чии лидери ќе се состанат во Германија ќе претстават единствен фронт на санкции против Русија поради кризата во Украина.

– Да, ние сме запознаени со последните изјави за санкциите. Тоа не се нови тези, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Освен тоа забележавме дека учесниците на таа средба сепак немаат идентични ставови за ова прашање. Некои говорат за неопходноста од дијалог со Русија и за невозможноста за решавање на сериозни проблеми без тој дијалог. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски