Кремљ: Наводите за руска дезинформациска кампања покажуваат русофобична опсесија

Од:

Наводите на ЕУ за руска кампања на дезинформирање за коронавирусот ја покажуваат русофобичната опсесија, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го извештајот на Европската служба за надворешни работи, која тврди дека некои руски медиуми покренале голема дезинформациска кампања, со цел да ја влошат кризата со коронавирусот во западните земји.

– Од гледна точка на здравиот разум, јас тоа не можам да го коментирам, истакна Песков, додавајќи дека документот не содржи ниту примери, ниту наводи од посебни медиумски извештаи.

Според портпаролот на рускиот претседател, станува збор за неосновани обвинувања.

– Всушност, можеше да се очекува дека оваа русофобична опсесија ќе исчезне во моментната ситуација, но веројатно таа не исчезнува, нагласи Песков.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот