Кремљ: Медведев е во право, поразот на Русите во Украина може да предизвика нуклеарна војна

Од:

Украинските напади на Крим би биле „многу опасни“, соопшти Кремљ, бидејќи Њујорк тајмс објави дека американските власти се повеќе се склони да му помогнат на Киев да го нападне полуостровот. Русија го анектираше Крим во 2014 година, а претседателот Владимир Путин тврди дека Крим, како и украинската територија што ја зазеде од февруари, е историска Русија.

Набргу по започнувањето на инвазијата на Украина во февруари, Русија зазеде голем дел од источна Украина, дозволувајќи и да воспостави копнен мост од Русија до Крим. „Самото размислување да и се дозволи на Украина да биде снабдена со оружје што би можело да ја нападне руската територија… е многу опасно“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на брифингот денеска.

„Ова би значело подигнување на конфликтот на ново ниво, што не би било добро за глобалната и паневропската безбедност“.

Крим е историска база на руската Црноморска флота и популарно летувалиште. Украина веќе ги нападна руските воздушни и поморски бази на Крим, а во октомври минатата година беше нападнат и мостот на Крим, за што Киев не презеде одговорност.

Украина повторно зазеде околу 40 отсто од окупираната територија со помош на западно оружје, вклучувајќи го и ракетниот систем со долг дострел HIMARS испратен од САД.

Запрашан дали Вашингтон ќе и забрани на Украина да користи американско оружје за напад на Крим, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во средата рече дека Крим е дел од Украина и Вашингтон му го испраќа на Киев оружјето што му е потребно за одбрана на украинската територија.

Кремљ денеска соопшти дека колку побрзо Украина ги прифати руските барања, толку побрзо ќе заврши конфликтот. Русија ќе ги постигне своите цели „на овој или оној начин“ и за Киев би било подобро да ги прифати руските позиции и да се договори на преговарачката маса, рече тој.

Москва тврди дека се бори за „денацификација“ на Украина и заштита на руското население на истокот на земјата. Киев и Западот го отфрлаат ова како изговор за колонијално територијално грабање.

„Колку побрзо украинскиот режим ја изрази својата подготвеност да ги исполни руските барања – кои ќе бидат исполнети на еден или друг начин – толку побрзо сè ќе заврши и украинскиот народ ќе може да почне да се опоравува од оваа трагедија, која ја започна режим во Киев“, рече Песков пред новинарите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи мировен план од 10 точки за решавање на конфликтот, вклучително и повлекување на руските трупи. Русија вели дека е отворена за преговори, но не ги објави во јавноста деталите за својата преговарачка позиција или што бара од Киев да направи за да ги прекине непријателствата.

Кремљ, исто така, оцени дека изјавата на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев дека поразот на Русија во Украина може да предизвика нуклеарна војна е целосно во согласност со руската нуклеарна доктрина.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот