Кремљ: Глупост е Путин да оди во Белорусија за да го принуди Лукашенко да влезе во војна

Од:

Кремљ ги нарече „глупави“ сугестиите дека Владимир Путин патувал да се сретне со Александар Лукашенко за да го притисне Минск да преземе активна улога во војната.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека таквите извештаи се „неосновани“ и „глупави“, објави новинската агенција РИА Новости.

Украинците стравуваат дека рускиот претседател на денешната средба ќе изврши притисок врз белорускиот претседател да се вклучи во новата офанзива.

Состанокот ја означува првата посета на Путин по три и пол години, која Кремљ ја опиша како широка „работна посета“ на Александар Лукашенко.

Белорусија, еден од најблиските сојузници на Русија, дозволи нејзината територија да се користи за инвазијата на Москва на Украина во февруари, но не се вклучи директно во борбите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски