Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

Од:

Браќата Антон и Џејмс Пераир-Буено, студенти на престижниот Технолошки институт во Масачусетс (МИТ), се обвинети во САД за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари за само 12 секунди, како и за перење на приходите од овој грабеж.

Американското Министерство за правда соопшти дека осомничените, студенти по математика и компјутерски науки, користеле високо специјализирани вештини за да влијаат на технологијата на блокчејн итриум за да ги потврдат трансакциите, јавува Би-Би-Си.

Според обвинението, тие со измама добиле пристап до нерешени приватни трансакции, а потоа ги менувале за да префрлат средства на нивните сметки.

Американското Министерство за правда соопшти дека грабежот е прв од ваков вид, а обвинителот Демиен Вилијамс рече дека начинот на кој браќата Пераир-Буено ја извршиле кражбата „го доведува во прашање самиот интегритет на блокчејнот“.

Кражбата наводно била извршена во април 2023 година за само неколку секунди со помош на најсовремена шема која браќата ја планирале со месеци.

Доколку бидат прогласени за виновни, Антон и Џејмс Пераир-Буено се соочуваат со повеќе од 20 години затвор.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница

Трамп најавува дека пет главни криптовалути ќе бидат дел од стратешката резерва на САД

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Ричард Тенг за состојбата на биткоинот: Непредвидливоста на криптовалутите е привремена, ова е можност за развој и учење на пазарот

CryptoQuant открива кој е најпопуларниот избор за корисниците на криптовалути