Кралот Алберт утре ќе му го предаде престолот на својот син Филип

Од:

Белгискиот крал Алберт Втори (79) утре ќе абдицира од престолот во полза на својот син Филип (53), бидејќи како што објави на почетокот на јули се чувствува премногу стар за да ја извршува својата должност.

Церемонијата за примопредавањето на власта ќе започне утре кога кралот Алберт ќе ја потпише абдицијата, по што принцот Филип ќе положи заклетва пред белгискиот парламент со што ќе стане седми крал на Белгија.

Потоа е предвидено новиот крал и неговиот татко да присуствуваат на традиционалната воена и цивилна парада, по што ќе следи голем огномет во Брисел.

Кралот Алберт Втори заминува по 20 годишно владеење во текот на кое се покажа како столб на стабилноста во времето на разединување, како и за време на политичката криза.

-Со спокој и полна свест ја објавувам својата намера да се повлечам од тронот на 21-ви јули 2013 година, на нашиот национален празник Ден на независноста, во корист на престолонаследникот, мојот син Филип-изјави тој во телевизиското обраќање до јавноста на почетокот месецов.

Престолонаследникот Филип е најподготвен принц во историјата на белгијската династија, кој стекна воено, универзитетско и економско образование а имаше околу 80 мисии ширум светот.
Кралицата на Холандија, Беатрикс исто така се абдицираше при крајот на април, по 33 годишно владеење, во корист на својот најстар син, Вилијам Александар.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети