Кралицата Елизабета го откажа патувањето за Северна Ирска по совет на докторот

Од:

Кралицата Елизабета Втора не се чувствувала добро, па „неволно“ го прифатила советот на докторот да го откаже патувањето во Северна Ирска.

Патувањето планирано за утре и задутре е одложено, соопшти Бакингемската палата.

Во соопштението, палатата наведе дека на кралицата и било препорачано да се одмори „следните неколку дена“.

Извор близок до палатата за Си-Ен-Ен кажал дека нејзиниот здравствен случај „не е поврзан со Ковид-19“.

„Нејзиното Височество е добро расположено и разочарано е што веќе нема да може да ја посети Северна Ирска“, се наведува во соопштението.

„Кралицата ги испраќа своите најтопли желби до луѓето во Северна Ирска и со нетрпение очекува да ја посети во иднина“, се додава во соопштението на Бакингемската палата

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година