Кралицата Елизабета ги повика Британците никогаш да не губат надеж

Од:

Во своето обраќање по повод 75-годишнината од крајот на Втората светска војна, британската кралица Елизабета Втора им порача на своите сонародници дека никогаш не треба да губат надеж.

„На почетокот, изгледите беа мрачни, крајот беше далеку, а резултатот беше неизвесен. Но, ние сепак верувавме во оправданоста на нашата борба и таа вера нè носеше. Никогаш не се откажувајте, никогаш не губете надеж и тоа е пораката на Денот на победата во Европа”, изјави кралицата во синоќешниот говор, емитуван на Би Би Си во 20 часот по локално време, односно точно во времето кога нејзиниот татко, кралот Џорџ VI, одржа говор на радио во 1945 година.

Говорејќи за војниците убиени во борбите, кралицата оцени дека „најголемо оддавање почит за нивната жртва е тоа што земјите што некогаш биле заколнати непријатели сега се пријателски настроени и работат заедно во корист на мирот и здравјето на сите“.

Таа исто така рече дека е горда на тоа како нејзините сонародници се борат денес против пандемијата на коронавирусот и оцени дека оние кои некогаш се бореле против нацистичка Германија сега би им се восхитувале.

Таа додаде дека улиците на Велика Британија денес не се празни, туку исполнети со љубов.

Говорот е снимен во замокот Виндзор, на четириесет километри од Лондон, каде што 94-годишната кралица и нејзиниот сопруг, принцот Филип (98), престојуваат од почетокот на пандемијата.

Тоа е втор телевизиски говор на британската кралица за време на пандемијата во која починаа повеќе од 31 000 Британци, во однос на што, Велика Британија е втора најпогодена земја во светот.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП