Кралица на Данска, Маргарет Втора ја презеде титулата најдолговечен европски монарх

Од:

Осумдесет и двегодишната кралица на Данска – Маргарет Втора – ја презеде титулата најдолговечен европски монарх со неодамнешната смрт на кралицата Елизабета Втора.

Кралицата Маргарет е позната по својот уметнички талент, страственото пушење и сивата пунџа и е вториот најдолго владеење на монархот во историјата на Данска. По смртта на Елизабета Втора, таа сега стана најдолговечниот европски монарх.

Кралицата Маргрет Втора е пофалена за зближувањето и модернизирањето на монархијата за време на нејзините 50 години на тронот.

Таа дојде на власт во 1972 година, а стана наследничка во 1953 година кога нејзиниот татко, Фредерик од Данска, беше крал и откако уставните реформи во земјата им дозволија на жените да го преземат тронот.

Нејзиното искачување на тронот се случи во време кога во Данска бледнееше популарноста на кралското семејство и монархијата.

Еден од најважните моменти на нејзините напори да ја модернизира монархијата беше дозволувањето на нејзините два сина да стапат во брак со луѓе кои немаат титули или кралско потекло.

Со смртта на кралицата Елизабета Втора, данската кралица сега е единствената жена монарх во светот. Исто така, во знак на почит по смртта на Елизабета Втора, Маргарет го намали обемот на нејзиниот златен јубилеј, планиран за овој викенд.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ