Италијанската Воена морнарица и Крајбрежната стража во близина на либискиот брег пресретнаа брод со околу 2.000 имигранти, соопштија синоќа властите во Рим.
Во соопштението се посочува дека во акцијата за „спасување на имигрантите“, покрај бродови на Морнарицата и Крајбрежната стража, учествувале и пловила на европската поморска мисија за спречување на шверц со луѓе „Софија“ и еден брод на организацијата „Лекари без граници“.
Вчерашниот обид на 2.000 имигранти од Либија да стигнат до италијанскиот брег, уследи откако изминативе недели имаше немалување на миграцискиот прилив преку Средоземното Море.
Во периодот јуни-август од либискиот брег до Италија дневно пристигнуваа во просек по 760 илегални имигранти, додека во ноември таа бројка се сведе на 190.