Крадец од Зимбабве бара да биде осуден на доживотен затвор

Од:

Лавмор Мањика, 22-годишен крадец од Зимбабве, побара од Судот да биде осуден на доживотен затвор, бидејќи смета дека животот зад решетките е подобар отколку на слобода.

Младиот криминалец во текот на расправата, која требаше да доведе до ублажување на неговата казна, на парче хартија напишал дека сака засекогаш да остане во затвор.

Животот во затвор е подобар од животот на улица. Дали можам да добијам доживотен затвор? – прашал тој во пораката која ја прочитал судијата.

Судот, меѓутоа, не ја одобри молбата на Мањика, кој е осуден на „само“ три години затвор заради повторното дело кражба. Момчето од еден стан украло неколку електронски апарати и 1.800 долари во готовина.

Доколку може да исплати 1.956 долари, казната ќе му биде намалена на шест месеци затвор.

Барањето на Мањика предизвика чудење особено ако се има предвид дека затворите во Зимбабве често пати се мета на организациите за заштита на човековите права, поради прекумерниот број затвореници и недостигот на храна.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ