Крадци во Мексико украле камион со радиоактивен материјал

Од:

Во централно Мексико крадци украле камион со опасен радиоактивен материјал – Иридиум 192 кој обично се користи во индустриската радиографија, соопшти денеска мексиканското МВР.

Украдениот материјал се наоѓал во посебен контејнер и може да претставува опасност за здравјето само ако е оштетен контејнерот.

Во Мексико во декември лани беше украден камион со опасен радиоактивен медицински материјал Кобалт 60, што според МААЕ може да се употреби за правење „валкана бомба“ кај која конвенционални експлозиви шират радијација од некој радиоактивен извор.

Радиоактивниот материјал подоцна беше пронајден близу местото каде бил украден камионот. МААЕ се уште не се огласи по повод најновата кражба во Мексико што се случи вчера. Експерти велат дека пореална опасност е во терористички напад да се употреби валкана бомба наместо нуклеарна бомба бидејќи послено е да се пронајде радиоактивен материјал за нејзино правање, а и самиот процес за изработка е поедноставен.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори