Ирската полиција трага по банда која среде бел ден украла над 15.000 шишиња виски и џин.
Вооружени со железни прачки, повеќечлената банда алкохолот го натоварила во два камиона откако претходно ги врзале работниците во скалдиште во предградие на Даблин. Вкупно 15.480 шишиња виски Џејмисон се украдени како и засега непознат број сандаци со по шест шишиња Бомбај Сафир џин и Џек Даниелс.
Полицијата верува дека бандата алкохолот ќе се обиде да го продаде на црниот пазар до Божик. Украдениот пијалак вреди стотици илјади евра.