Крадци на стока во Јужен Судан убија 29 и ранети 17 селани

Од:

Најмалку 29 лица се убиени и 17 се ранети кога крадци на стока, припадници на малцинството Мурле во Јужен Судан, припукале врз припадници на другото малцинство Џикан во едно село во државата Горен Нил, денеска потврди локален официјален претставник.

Вооружените лица вчераутро упаднале во селото Толери, во округот Уланг, и припукале, убивајќи 23 селани, меѓукои и жени и деца, изјави Дак Тап Чуол, претставник на локалните власти, додавајќи дека дел од повредените подоцна им подлегнале на повредите.

Жртви на нападот се припадници на малцинскиот народ Џикан, а нападаѓачите, исто така, од малцинскиот народ Мурле, кои дошле од јужносуданската држава Џонглеј, пренесуваат француските меидуми.

Јужен Судан, државата што се одвои од Судан во јули 2011 година по најдолгата граѓанска војна во Африка, се уште е разјадена од етнички судири што станаа се посмртоносни во земјата преплавана со оружје.

Владата во Џуба води борба против бунтовничкиот народ Мурле, чиј лидер Дејвид ЈауЈау во округот Пибор е активен повеќе од една година, што младите ги присили или да земат оружје во рака или да побегнат во соседната Етиопија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска