На Костарика дошло до ерупција на вулканот Туриалба, кој исфрла вжештени камења и пепел, кои го покриваат главниот град кој се наоѓа на одалеченост од околу 80 километри, соопштиле властите.
Како што пренесе „Франс прес“, од опсерваторијата на Националниот универзитет изјавиле дека во ерупција е заробена и камерата за надзор на вулканот, но дека видео снимките покажуваат исфрлање на доста врели камења, пепел и гасови кои се распрснуваат во атмосферата.
Инаку вулканот Туриалба е активен од 1990 година по мирување од 130 години и тој е во состојба на зголемена активност по силната ерупција која се случи на 29-ти октомври минатата година.
Е.Г.