Косовски Албанец убиен во Сирија

Од:

Косовскиот Албанец, Атде Дева, кој се борел во Сирија на страната на бунтовничкото движење „Јабха ал Нусра“, загинал при судири со владините сили.

Како што пренесуваат косовските медиуми, Дева, студент на Техничкиот факултет во Приштина роден од Пеќ, бил посветен на религијата и пред неколку месеци заминал за Сирија.

Од ноември минатата година, кога во борбите во Сирија беше убиен првиот Албанец, Наман Демоли од Приштина, до сега во оваа блискоисточна земја животите го загубија најмалку 12 Албанци. Деветмина од убиените се од Косово, јужна Србија или од Албанија, еден од Македонија, а двајца се Албанци со сириско државјанство.

Во мај годинава во Сирија загина 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на „Јабха ал Нусра“.

Косовските медиуми јавија дека во Сирија на страната на бунтовниците се борат најмалку 140 Албанци од Албанија, Косово и од јужна Србија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години