Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Од:

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изрази уверување дека постои јасна перспектива за отворање на сите преговарачки кластери за пристапување на Украина во Европската Унија до крајот на 2025 година.

Таа на состанокот на Советот за асоцијација ЕУ-Украина изјави дека „проекциите се речиси завршени и имаат јасна перспектива“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на ЕУ.

Кос се надева дека ќе ги отвори првите три кластери од преговорите на Украина со ЕУ за пристапување во Унијата во првата половина на оваа година, за време на полското претседателство, а останатите три до декември.

Кос ја потврди посветеноста на ЕУ за максимално искористување на можностите што ги нуди Договорот за асоцијација за да се олесни постепената интеграција на Украина на единствениот европски пазар, дури и пред пристапувањето.

Би можело да ве интересира

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировен процес

Каде исчезнаа парите за Украина: Трамп помладиот ја започнува истрагата на векот

Горан Наумовски

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина