Коронавирусот веќе не мутира толку брзо

Од:

Велика Британија треба да ја прекине опсесијата од новите варијанти на коронавирусот затоа што вакцините можат да ги запрат, иако не го убиваат вирусот целосно, изјави денеска шефот на тимот од Оксфорд што ја направи вакцината, Ендру Полард.

Професорката Шерон Пикок, која работи за британската Влада, пак, вели дека коронавирусот веќе не мутира толку брзо.

Професорката од Универзитетот во Кембриџ, која го предводи Ковид геномскиот конзорциум на британската Влада, вели дека вирусот можеби достигнал стагнација во мутацијата и дека тој повеќе не се менува толку брзо.

Таа вели дека се појавуваат помалку нови мутации и дека вирусот покажува „отстапување од еволуцијата“, во која различните мутации почнуваат да изгледаат слично.

Иако мутациите на вирусот се појавуваат случајно, единствените што преживеале се посилните мутации.

Професорката Пикок додава дека е можно коронавирусот да ја достигнал својата оптимална сила и да престане да развива мутации, бидејќи веќе не може да се подобрува.

Досега низ светот се појавија британски, бразилски, нигериски, јужноафрикански, њујоршки и калифорниски мутации на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана