Коронавирусот не стивнува: Во светот има над 67 милиони заболени

Од:

Бројката на заразени од коронавирусот на светско ниво надмина 67 милиони. Најкритична ситуацијата и натаму е во САД, Индија и во Бразил.

САД трет ден по ред има рекорден број новозаразени. Во последното деноноќие потврдени се 230 000 нови случаи, починаа 2.527 лица. Во САД бројката на заболени се приближува на 15 милиони.

Втора земја според бројот на заразени е Индија каде што има повеќе од 9,6 милиони заболени, а потоа следува Бразил со повеќе од 6,5 милиони болни.

Русија денеска забележа рекордни 29.039 нови случаи на коронавирус. Од почетокот на пандемијата, пријавени се вкупно 2.460.770 случаи, додека официјалниот број на починати се искачи на 43.141 лица.

Москва во саботата започна да ја дистрибуира својата вакцина Спутник V преку 70 клиники до најранливите групи, со што почна масовна вакцинација против Ковид-19.

Ситуацијата не се смирува ниту во Европа. Во Франција се регистрирани 11.022 новозаболени. Вкупно во земјата има 2,29 милиони заразени. Починати се 55 илјади пациенти.

Во Италија смртноста и натаму е критична. Земјата го надмина прагот од 60 илјади починати како последица на вирусот.

Бројките се загрижувачки и во Велика Британија земјата која прва ја одбори вакцината и ќе почне со вакцинација најверојатно од вторник.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана